За конференцијата

ТРЕТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА:
Предизвиците на транзиција на семејните бизниси - 31 Мај, Скопје
Лидерство,светски практики, корпоративно управување 2017

Зошто да не ја пропуштите овогодинешната конференција?

Во еден ден, на едно место ќе имате единствена можност да ги чуете:

Борис Вукиќ, Сениор Аdizes експерт за семејни бизниси кој над 20 години посветено работи на организациски развој и трансформација на компании од цела Европа. Консултант е на голем број семејни компании од регионот кои прераснале во милионски бизниси.


Алексеј Волнец, кој доаѓа од САД. Алексеј е офицер за корпоративно управување во Одделот за Управување за животна средина и за социјални прашања во Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ), дел од Групацијата на Светска банка во Вашингтон, САД. Негова специјалност е дизајнирање и испорака на тренинг програми за градење на капацитетите на раководните лица за управување со мали и средни претпријатија.

Освен можноста да ги чуете овие двајца искусни експерти и предавачи, за првите 15 учесници на конференцијата, оваа година обезбедивме и гратис работилница со г. Алексеј Волнец, на која ќе дознаете:

- Во која развојна фаза се наоѓа Вашата компанија, како да ги надминете предизвиците карактеристични за таа фаза и кои се можностите што треба да ги искористите во таа фаза
- Кои се клучните принципи за задржување и мотивирање на вработените
- Како да правите разлика помеѓу различните типови на наследување и да се справите со предизвиците кои произлегуваат од типот на наследување карактеристично за Вашата компанија
Работилницата ќе се одржи еден ден по конференцијата, односно на 1ви јуни.

Конференцијата е за Вас доколку ги имате следниве прашања:

- Како вработените да Ве прифатат како новиот лидер на компанијата?
- Како да ја уверите претходната генерација дека Вашиот лидерски стил кој е различен од нивниот ќе ја води компанијата во успешна насока?
- Како да го добиете признанието од претходната генерација дека сте способни да го водите бизнисот?
- Како да го поведете бизнисот во нова или различна насока, а притоа да ги почитувате достигнувањата на претходната генерација?
- Како да примените добри светски практики за транзиција на Вашиот бизнис?
- Од каде да почнете да работите на уредувањето на односите во Вашата семејна компанија?
- Како да ги надминете слабостите кои се карактеристични за семејните бизниси, како што се: неформалните односи, недостатокот на дисциплина и комплексната управувачка структура?
- Како да ја максимизирате користа од семејното сопствеништво?
- Како успешно да ги надминете предизвиците кои ги носи растот на компанијата и истовремено таа да остане одржлива?
- Како да ги спречите потенцијалните конфликти и да обезбедите континуитет на компанијата?

Зошто ја организираме конференцијата?

Во светски силните економии, семејните компании се столб на економијата. Семејните бизниси во светот се повеќе напредуваат и од мали семејни фирми се развиваат во милионски бизниси. Дел од примерите се Wall Mart, Ford, Samsung, Carrefour Group, Wrigley Company... Од друга страна пак, статистиката вели дека 70% oд семејните бизниси пропаѓаат или се продаваат по првата генерација.
Семејните бизниси се стожер на македонското стопанство. Секоја компанија во приватна сопственост се соочува со 70% веројатност да пропадне по првата генерација сопственици, доколку не се професионализира на време. Како да ги избегнеме замките кои се закана приватните бизнисите? Токму тоа е клучното прашањето на оваа конференција!

Конференцијата е за Вас доколку ги имате следниве прашања:

- Како вработените да Ве прифатат како новиот лидер на компанијата?
- Како да ја уверите претходната генерација дека Вашиот лидерски стил кој е различен од нивниот ќе ја води компанијата во успешна насока?
- Како да го добиете признанието од претходната генерација дека сте способни да го водите бизнисот?
- Како да го поведете бизнисот во нова или различна насока, а притоа да ги почитувате достигнувањата на претходната генерација?
- Како да примените добри светски практики за транзиција на Вашиот бизнис?
- Од каде да почнете да работите на уредувањето на односите во Вашата семејна компанија?
- Како да ги надминете слабостите кои се карактеристични за семејните бизниси, како што се: неформалните односи, недостатокот на дисциплина и комплексната управувачка структура?
- Како да ја максимизирате користа од семејното сопствеништво?
- Како успешно да ги надминете предизвиците кои ги носи растот на компанијата и истовремено таа да остане одржлива?
- Како да ги спречите потенцијалните конфликти и да обезбедите континуитет на компанијата?

Треба да дојдете на конференцијата доколку сте:

- Основачи и сопственици на приватни компании
- Професионални менаџери кои работат во семејни компании
- Наследници на компании
- Членови на семејни бизниси
- Сите кои сакаат да научат како да ја надминат замката поради која пропаѓаат до 70% од бизисните – транзиција на бизнисот на следна генерација

Дали темите на транзиција на семејна компанија се за Вас?

Овие теми не се за вас доколку:
- Мислите дека сте бесмртни и времето не поминува
- Ако веќе знаете се
- Ако не сакате да се менувате
- Длабоко сте уверени дека Вие баш се можете сами
- Не им посакувате добро на Вашите наследници
- Не си посакувате добро себеси
- Не сте свесни дека на пазарот ќе се случат повеќе промени во слените 5 години, отколку во изминатите 25

Организатор на конференцијата

Clear View BTC, лиценциран бизнис тренинг центар кој веќе 10 години им помага на компаниите да ги подобрат бизнис резултатите. На македонскиот пазар ексклузивно носи докажани светски методлогии за бизнис и лидерство и е официјален партнер на Adizes за Македонија. Следејки ја Adizes методологијата, многу компании кои започнале како семејни прераснаа во милионски бизниси.

Локација на конференцијата

Скопски саем

Говорници

Своето учество го потврдија:

ОФИЦЕР ЗА КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ ВО ИФЦ, ВАШИНГТОН, САД
John Doe

г. Алексеј Волнец

Алексеј Волнец, офицер за корпоративно управување во департманот за управување за животна средина и за социјални прашања во Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ), дел од Групацијата на Светската банка во Вашингтон, САД. Негова специјалност се дизајнирање и испорака на тренинг програми за градење на капацитетите на раководните лица за управување со мали и средни претпријатија.

СЕНИОР ADIZES КОНСУЛТАНТ, ЕКСПЕРТ ЗА СЕМЕЈНИ БИЗНИСИ
John Doe

г. Борис Вукиќ

Г-дин Борис Вукиќ,Партнер на Adzies South East Europе и сертифициран сениор Adizes консултант. 20 години посветно работи на организациски развој и трансформација на компании од цела Европа. Консултант е на број семејни компании од регионот кои прераснале во милионски бизниси.

John Doe

г. Сашко Самарџиоски

Генерален директор на Прилепска Пиварница веќе 10 години. Од почетокот на своето вработување во пиварницата пред 19 години, ги поминал сите фази на развој во компанијата за да сега ужива кредибилитет да сведочи каков е патот до успехот. Доказ за посветеноста е континуираниот раст и развој на компанијата кои се отсликуваат во рекордната продажба и постојаните инвестиции во високата технологија пратејќи чекор со современите светски текови.

John Doe

г. Виктор Петков

Генерален менаџер и Сопственик на ВИПРО – Гевгелија. По дипломирањето на Економскиот Факултет во Скопје во 1980 година се вработува во тогашна Р.О.Винојуг, Гевгелија. Од 1987 година продолжува во МАГРО Скопје, се до 1990 година кога станува ко-сопственик на МАКОКОМЕРЦ Скопје. Во 1992 год. ја формира сопствената фирма ВИПРО, каде и ден денес работи со членови од својата фамилија.

John Doe

г-а Ирена Јакимовска

Ко-сопственик и Управител на ДОО Комфи Ангел, Прилеп, компанија за производство на текстил за домаќинства-перници, јоргани, заштитници за јога и слично. Во 2004 година ја основа компанијата со партнер од Англија, со минимален капитал и број на вработени, која што денес прерасна во модерна производна општествено одговорна компанија со 850 вработени со една филозофија “ние сите заедно градиме компанија која што ќе стопанисува и живее после нас”.

John Doe

г. Анатол Кутревски

Анатол работи во Пекабеско од 2005 година, а од 2008 е на местото втор извршен директор во компанија. Заедно со тимот на Пекабеско успеавме во овие години компанијата да прерасне во еден од најголемите производители на сувомеснати производи како и дистрибутер на производи за широка потрошувачка.

John Doe

г-а Фросина Мешкова

Директор за технологија и развој на нови производи во Свисслион, најголемата прехрамбена индустрија во Македонија, која пак е дел од интернационалната групација Свисслион. Во своето 12 годишно работно искуство, токму заради спојот на познавања од технологија и бизинис адмистрација, покрај оваа позиција во периодот од 2010 до 2015 била и на позиција на генерален извршен директор.

John Doe

г. Горан Ѓорѓиевски

Сопственик и директор на Специјал продукт. Почетокот на своето работење во Специјал го бележи уште по самото дипломирање на Машинскиот факултет, период во кој Специјал броеше само 5 вработени и една производна единица. Денес Специјал претставува сериозен бренд на македонскиот пазар кој брои 250 вработени, три производни погони и триесетина продажни места.

John Doe

г. Иван Новаковски

Иван Новаковски, менаџер на Меѓународното училиште НОВА и втората генерација на лидери на првиот регистриран приватен образовен субјект во Македонија, кој брои преку 700 ученици од 3 до 18 годишна возраст, и 170 вработени. Локален и регионален едукативен лидер со меѓународна акредитација кој успешно опстојува повеќе од 20 години. Г-динот Новаковски има живеено 10 години во САД завршувајќи ги своите додипломски и постдипомски студии, и работејќи во мултинационални корпорации. Фокусот му е на едукацијата, финансиите и меѓународниот бизнис.

John Doe

г. Александар Саздов

Александар Саздов (1979) е дипломиран економист на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, отсек Стратегиски менаџмент. Од 2002 година работи во Издавачки центар ТРИ на повеќе менаџерски позиции. Најпрво како маркетинг-менаџер, потоа уметнички и креативен директор. Денес е дел од управувачкиот тим на компанијата, заедно со своите браќа Бојан и Љубомир.

John Doe

г. Горан Антевски

Горан Антевски е Генерален директор на Раде Кончар-ТЕП со повеќе од 20 годишно работно искуство на повеќе работни позиции и компании. Како претседател на Македонско –Јапонско Алумни здружение специјалност му се Јапонските менаџерски методи , како и нивно имплементирање во организациите

Агенда

Котизација

Искористете ја раната пријава до 15 мај.
Цените подолу се за учество на 1 учесник.
За тројца учесници од иста компанија следуваат 15% попуст.

  • Редовна котизација
  • редовна котизација
  • за цела конференција
  • 7000 ден.
  • Пријави се

Регистрација

Имате прашања? Ќе ни биде задоволство да Ви помогнеме. Контактирајте нè во секое време.

Регистрирај се

Контакт инфо: